Извлекувањето на групите за ракометната Супер Лига – мажи 2020/2021 ќе се одржи во петок

Извлекувањето на групите за Супер Лига – мажи за натпреварувачка сезона 2020/2021 ќе се одржи во петок со почеток во 12:00 часот со LiveStream на youtube каналот на РФМ.

(линк https://youtu.be/Ufstg6J383Q)

Во системот на натпревари во Супер машката ракометна лига учествуваат вкупно 16 (шестнаесет) екипи.
Во регуларниот дел од првенството Супер лигата ќе започне и ќе биде составена од 14 екипи поделени во две групи по 7 екипи и 2 екипи (РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер) кои се приклучуваат во разигрувањето за плеј офф.

Извлекувањето на учесниците по групи ќе биде по принцип на полу – бергер систем согласно претходен ранкинг во национален систем на натпревари како следи :

шешир 1: РК Металург, ГРК Охрид
шешир 2: РК Пролет 62, РК Бутел 
шешир 3: РК Радовиш, РК Еурофарм Пелистер 2
шешир 4: РК Струга, РК Работнички
шешир 5: РК Астраион Хендбол, ГРК Тиквеш 2014
шешир 6: Голден Арт КЛ-7, РК Прилеп
шешир 7: РК Јуниор Кисела Вода, РК Младост Богданци

По завршување на регуларниот дел првите 3 (три) екипи од двете групи заедно со екипите кои настапуваат во Регионалната лига ја формираат Плеј офф групата од 8 екипи кои ќе го одредат победникот на првенството и учесниците во ЕХФ куповите и Регионалната лига.

Екипите од 4 до 7 место од групите А и Б од регуларниот дел ќе ја формираат Плеј аут групата од 8 екипи. Второ пласираната екипа во Плеј Аут групата ќе игра бараж натпревар со прво пласираната екипа од Првата Машка Лига, победникот од тој натпревар ќе обезбеди учество во Супер Машка Лига во натпреварувачка сезона 2021/2022 година.