24/04/2024
Охрид

Извршен увид на состојбата на охридскиот чинар

Државниот инспектор за природа, Хасан Рустеми, денес изврши увид во состојбата на охридскиот чинар, по вчерашното мало оштетување на горните гранки од стеблото. Рустеми беше запознат со повторениот јавен оглас за санација и ревитализација на чинарот, што одделението за заштита и влијание на  животната средина го распиша вчера.

Потсетуваме дека со годишната програма на одделението за заштита и влијание на  животната средина, предвидени се средства за целосна санација и ревитализација на чинарот, со која на најсоодветен начин ќе биде заштитен еден од најпрепознатливите симболи на Охрид.