25/04/2024
Охрид

Ја уценувал да му даде пари, во спротивно ќе објавел нејзини фотографии на интернет

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.Д. (27) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“.

Пријавениот, преку телефон и се заканувал на А.С.(30) дека, доколку не му плати 800 евра, на социјалните мрежи ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина. Откако А.С. му дала пари, бил извршен претрес во домот на пријавениот, каде што биле пронајдени парите.