18/04/2024
ОхридСтруга

„Јахја Кемал“ организираше Дискусија за мир и климатски промени за средните училишта од Струга и Охрид

По повод Неделата на мир, ПСУ „Јахја Кемал“ во Струга организираше конструктивна дискусија на тема „Климатска акција за мир“ која е годишна тема на Обединетите нации. Во оваа активност учествуваа училиштата СОУ „Нико Нестор“ и Гимназијата „Д-р. Ибрахим Темо“ од Струга и СОУ „Св.Климент Охридски“ од Охрид. Училиштата разговараа за две прашања,

  • Going green треба да се заштити со закон
  • Глобализацијата ќе придонесе за светскиот мир

Од ПСУ „Јахја Кемал“, СОУ „Нико Нестор“, СОУ „Ибрахим Темо“ и СОУ „Св. Климент Охридски“ велат дека оваа активност го истакна придонесот што младите можат да го дадат за решавање на вакви итни прашања како климатските промени и глобалниот мир.

На дускусијата се донесени следните заклучоци:

  1. Неспорен е ефектот на климатските промени врз мирот,
  2. Треба да преземеме активности за да ги достигнеме Глобалните цели со цел да имаме мирен и здрав свет,
  3. Going green ќе влијае позитивно на околината,
  4. Глобална цел број 13, Активноста за климата бара итно внимание заради нејзината итност,
  5. Глобализацијата може да им помогне на владите поефикасно да се борат со климатските промени,
  6. Going green значи да се придонесе за животната средина во мали, лични скали, но и во поголеми, индустриски размери,
  7. Помладата генерација покажа огромна упорност и придонесува за околината,
  8. Фокусирањето на глобалните цели ќе ни овозможи ефикасно решавање на проблемите,
  9. Учеството на младите во активизмот во животната средина позитивно влијаеше на начинот на кој гледаме на проблемите со животната средина,
  10. Мирот во голема мерка зависи од благосостојбата на околината,

Од ПСУ „Јахја Кемал“ тврдат дека оваа активност немаше да биде возможна без желбата и подршката на средните училишта кои учествуваа во дискусијата.

https://youtu.be/qize6iz0BE4