26/04/2024
Македонија

Јана Манева – Чупоска со изложба во Загреб

Утре во Загреб, Хрватска, во Музејот Пригорје ќе биде отворена самостојна изложба на Јана Манева – Чупоска, насловена „Мемории“. Изложбата која е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, ќе ја отвори кураторката Санда Бајзек, историчар на уметност од Загреб.

Во најавата за изложбата, Музејот ја претставува Манева – Чупоска како уметница која се школувала во Скопје, Париз, Прага и дека нејзините афинитети се интердисциплинарни и опфаќаат перформанси, видеоинсталации, фотографија и моден дизајн.

„Професорка на Европскиот универзитет во Скопје, Чупоска во своите дела истражува со техниките и со материјалите, спојувајќи го сопствениот цртеж со аматерски фотографии, со реди мејд објекти, илустрирајќи ги на тој начин општествените текови, кризата на културниот идентитет, а во истовреме со таквата постапка таа го редефинира и самто дело“, стои во објавата на Музејот.

Изложбата на Јана Манева Чупоска во Загреб ќе биде отворена до 20-ти ноември.