28/03/2024
Македонија

Јанушев: На 15 јули заедно со граѓаните ќе им порачаме на СДСМ и Заев, доста е за сите лаги

Интегрален текст од изјава за медиуми – Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска сме во посета на општина Зелениково каде што имавме прилика да разговараме со луѓето за нивните проблеми, но исто така да им кажеме што после 15 јули новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи за граѓаните во општина Зелениково.

Покрај бројните проекти она што го планираме  е порастот на платите и пензиите и намалувањето на невработеноста, а она што е особено битно исто така за овие луѓе во делот на земјоделието, но и на обновата на фасадите во домовите.

Она што исто така е факт е што имавме можност да поразговараме за делот неостварени ветувања односно лаги на СДСМ овде во Зелениково, еден таков пример е и мостот овде во месноста Река кој што и покрај ветувањата, покрај лажењето во неколку наврати во минатото и од страна ан градоначалникот односно локалната самоуправа, но и од страна на останатите високи функционери на СДСМ, буквално ништо не е направено.

Затоа драги пријатели време е да кажеме дека е доста и оваа влада и овие политичари да заминат на темната страна на историјата.

Ние сме различни. Ние нудиме иднина, извесност, ние нудиме да бидат со крената глава и исправена кичма.

Сето она што е ставено во програмата во проектот обнова ние земаме обврска, се обврзуваме пред граѓаните дека истото ќе биде почитувано и истото ќе се реализира во следниот период од 4 години.

Останете во добро здравје и чувајте се.

https://www.youtube.com/watch?v=HU4cpZnzckE&feature=emb_title