29/03/2024
Охрид

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата општинско-корисна работа за Проект „Од жителите за жителите на општината“

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Охрид, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана одШвајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 22.08.2019 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект “Од жителите за жителите на општината”

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Од жителите за жителите на општината” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Роми корисници на Гарантирана Минимална Помош

– Египќани

– Лица со попреченост

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

– Помагатели

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид во периодот од 22.08. година до 30.08. 2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Охрид и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Охрид кај лицето Кети РосиќОпштински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид кај лицето Маја Ташева Биткоска,  Центар за социјлна работа Охрид кај лицето Мира Врангалоска.