19/04/2024
Охрид

Јавен повик за ангажирање на лица за формирање на тимови за изработка на предлог проекти и нивна имплементација преку програмите на ЕУ

Општина Охрид следејќи ги препораките и советите на претставниците на Европската Унија во Македонија во врска со можностите и значањето на финансирањето  на општински проекти од страна на фондовите на ЕУ а во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните има потреба од подготовка на проектни предлози со јасно поставени цели кои ќе одговараат на потребите на граѓаните и прецизно изготвен буџет на потребни средства за нивна реализација.

Со цел изготвување на квалитетни проектни предлози односно со цел разбработување на добри идеи и изработка на квалитетна проектна документација, од страна на вработените во Општина Охрид идентификувана е потребата од креирање на тимови за подготовка на предлог проекти и нивна имплементација преку програмите на Европската Унија.

Познавајќи го значењето на тимската работа за постигнување позитивен фитбек од проектните предлози а со цел добивање на што поголем бенифит за граѓаните, Општина Охрид го објавува овој јавен повик за ангажирање на  лица со перспективна визија.