29/03/2024
Охрид

Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2019 година

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), в.д. Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2019 ГОДИНА

I.ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес на своите граѓани на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2019 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади; традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер, различни видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид, како и давање на можност средставата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.
– Под правни лица се подразбираат установи од областа на култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади, здруженија на граѓани, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија,
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на јавниот повик за добивање средства од Буџетот на општина Охрид се:

– Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации; 
– Да спроведуваат активности од минимум една година; 
– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес; 
– Да не добиле средcтва или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.

Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.

III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се превзема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект/програма се пополнува одделна пријава.

Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2019 година. 
Апликантите покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:

– Фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија
– Копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)
– Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.
– Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.  
– Апликантите на проектите се задолжени да достават доказ (договор за волонтерски ангажман) дека за потребите на проектот ангажирале барем едно младо лице на возраст од 15-29 години.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса:

Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2019година“

или лично во архивата на Општина Охрид.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

-да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината;

-чување и афирмирање на материјалното, духовното и културното наследство;

-поттикнување и афирмирање на културните разноликости на припадниците на етничките зедници;

-континуитет на традиционални манифестации што се од интерес за општината;

-презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност;

-подобрување на образованието;

-афирмирање и поддршка на млади уметници и автори;

-развивање и поддршка на младите, младинската партиципација и учество и младинската култура во чии рамки ќе се поддржуваат креативни и едукативни проекти;

-воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни институции и други организации;

-одбележување јубилејни настани и значајни датуми;

-организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Охрид;

-стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти;

-поттикнување на научната и критичката мисла преку организирање на семинари, конференции и дебати;

-потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата и младите и лицата со посебни потреби;

-унапредување на животот на лицата со посебни потреби;

-развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;

-стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;

-квалитетен, богат и разновиден спортски живот на ниво на Општина Охрид;

-развој и унапредување на сите форми на училишен спорт;

-афирмација на масовниот и другите спортови и рекреацијата кај сите возрасни групи и категории на население од општината;

-заштита и унапредување на животната средина

-средствата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид може да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид.

Општина Охрид финансиски поддржува програми и проекти кои ќе се реализираат во текот на 2019 година, сметано од денот на потпишување на Договор за учество во финансирање на програми/проекти.

Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени средства треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид.

Максималниот износ на доделени средства од страна на општина Охрид кои определено здружение на граѓани може да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој би носел бенефит за градот Охрид изнесува до 100.000,оо денари.

Максималниот износ на доделени средства од страна на општина Охрид за реализација на проект или програма (од областа на култура, спорт, образование, социјала,екологија, здравство и млади) изнесува до 120.000,оо денари.

За реализација на проекти или програми кои се однесуваат на подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби максималниот износ на одобрени средства од страна на општина Охрид изнесува до 150.000,оо денари.     

При тоа за исплата на хонорари на проектниот тим, корисникот може да користи само 30% од вкупно доделената сума.

Оценувањето на поднесените проекти/програми ќе се врши согласно Правилникот за начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2019 година.

Комисијата за спроведување на постапката за доделување на средства за проектите од јавен интерес и одделението за млади и невладини организации го задржуваат правото во секоја фаза од реализацијата на одобрениеот проект да извршат надзор над субјектот кој користи средства од буџетот на општина Охрид.

V. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Градоначалникот на Општина Охрид.

Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk).

Бројот на поддржани проекти/програми на Јавниот повик и висината на средствата со кои ќе се поддржат проектите ќе се утврдат во согласност со Буџетот на Општина Охрид за 2019 година.

Согласно донесениот буџет на општина Охрид за 2019 година, средствата предвидени за оваа намена изнесуваат 2.000.000,оо денари.

VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).