29/03/2024
Охрид

Јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Врз основа на член 22 став 1 точка 7 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.Весник на РМ “бр.5/02), член 11, 12 и 214 став 2 од Законот за социјална заштита (,,Сл.Весник на РМ” бр.79/09; 36/2011; 51/2011; 166/2012; 15/2013; 79/2013; 164/2013; 187/2013; 38/2014; 44/2014; 116/2014; 180/2014; 33/2015; 72/2015; 104/2015; 150/2015; 150/2015; 173/2015; П192/2015 и 30/2016) и член15 став 1 точка 7 од Статутот на општина Охрид (,,Службен гласник на општина Охрид” бр.8/07),и Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08 – 312/8 од 16.01.2019 година (,,Службен гласник на општина Охрид од 18.01.2019 година” бр.08-312/8), Градоначалникот на општина Охрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2019 година, заклучно со 31.12.2019 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

  • Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
  • Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид имаат лицата со статус на:

  • Корисник на социјална помош;
  • Корисник на постојана парична помош ;
  • Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен

Услови за добивање субвенција за наведените категории се:

-корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенција за вработување на Р.М и активно да бараат работа;

-заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.000,00 денари во 2018 и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат;

• Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест (Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања или други тешки заболувања).

Доколку се пријават повеќе од 150 лица со статус на лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест, во тој случај услов за оваа категорија на корисници е: во 2018 година заедно со брачниот другар да не остваруваат приходи поголеми од 105.000,00 денари.

Подносителите на барање за субвенционирање треба комулативно да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Да се жители на општина Охрид;
  • Да се корисници на услуги од: МЈП Проаква или ЈП Охридски Комуналец или ЈП Нискоградба или ЈП Градски Гробишта;
  • Да се подносители на барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.

Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги достават во затворен плик, лично во архивата на општина Охрид или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака (ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ)

Јавниот оглас ќе трае до 22.02.2019 година а барањата за субвенционирање можат да се доставуваат цело време додека трае Огласот.