Јавен повик за промоција на физичките лица кои вршат угостителска дејност

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2018 година, Општина Охрид на ден 17.04.2018 год. објавува,

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОМОЦИЈА НА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА КОИ ВРШАТ УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ – ПРИВАТНИ СТАНОИЗДАВАЧИ и РЕГИСТРИРАНИ ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ ВО РУРАЛНИОТ ТУРИЗАМ

Кандидати кои можат да аплицираат се сите физички лица регистрирани во регистарот на физичките лица даватели на угостителски услуги (приватни станоиздавачи) и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам.

Јавниот повик се однесува за онлајн промоцијата на туристичката понуда на веб страната www.ohrid.com.mk,

Начини на пријавување и процедури коишто треба да се следат

Сите заинтересирани лица регистрирани во регистарот на физичките лица даватели на угостителски услуги (приватни станоиздавачи) и регистрирани даватели на услуги во руралниот туризам потребно е да доставаат информации од типот улица, мејл, телефон, веб страна, фотографии со висока резолуција на е-маил адресата ilker.mustafa@ohridler.gov.mk.