Јавна презентација на Е-ПДД системот за остварените приходи од изнајмување на соби и апартмани

Поради подобра информираност на физичките лица – давателите на услуги од мал обем (станоиздавачите) за најновите измени на Законот за персонален данок на доход (Сл.весник на РМ бр.190/17) според кој даночните обврзници – станоиздавачи, кои изнајмуваат соби, апартмани и сл., се обврзани да се регистрираат на Е-ПДД системот, општина Охрид во соработка со Управата за јавни приходи организира презентација која ќе се одржи на 06.07.2018 година (петок), во 10 часот во големата сала на општина Охрид.

На презентацијата од страна на стручно лице од Управата за јавни приходи ќе бидат образложени техничките карактеристики на системот Е-ПДД, постапката за регистрација на Е-ПДД системот, како и начинот на изготвувањето на пресметката која е обврска на физичките лица за секој остварен приход по основ на изнајмување на соби и апартмани.