23/04/2024
Охрид

Јавна расправа за физички лица даватели на угостителски услуги во приватно сместување

По одржаниот состанок од страна на работната група за изменување и дополнување на законската регулатива од областа на туризмот и угостителството беа разгледани и донесени заклучоци за предлог измени на законите за угостителска и туристичка дејност.

По донесените заклучоци од страна на работната група за предлог измените на законот за угостителска и туристичка дејност, секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид организира јавна расправа по следниот

ДНЕВЕН РЕД

1. Предлог измена и дополна на Законот за угостителска дејност

2. Предлог измена и дополна на Законот за такса за привремен престој

3. Разно

Јавната расправа ќе се одржи на ден 09.02.2018 год. (петок) во просториите на општина Охрид во мала сала со почеток во 14 часот.