25/04/2024
Дебрца

Јавна расправа за Проектот „Реконструкција на улици во с.Мешеишта“

Во вторник (20.03.2018) со почеток во 20:00 часот, во просториите на општина Дебрца во с.Мешеишта ќе се одржи Јавна расправа врз основа на Проектот ЕУ ИПА грант за подобрување на руралната инфраструктура за Проектот „Реконструкција на улици во с.Мешеишта“.

Во овој Проект предвидена е набавка на комбинирана машина ровокопач – натоварач со плуг за расчистување на снег, набавка на трактор со приклучна механизација приколица,мулчер, плуг за снег, набавка на мини ровокопач на гумени гасеници, и набавка на теренско моторно возило.