20/04/2024
Дебрца

ЈКП „Дебрца“ со апел за посовесно и рационално користење на водата

ЈКП Дебрца ги информира граѓаните, корисници на водоснабдителни услуги, дека поради високите температури и невообичаено сушниот период, општината се соочува со недостиг на вода и покрај максималниот ангажман на јавното претпријатие.

Во поглед на тоа, ЈКП Дебрца апелира до сите граѓани на посовесно и рационално искористување на водата од водоводната мрежа во периодот додека не се поврати максималниот капацитет на изворите на водоснабдување. Поконкретно, се молат жителите на општина Дебрца да не ја користат водоводната мрежа за наводнување на градините и парковите, а ќе се спроведува и поригорозна контрола за диви приклучоци и оштетени водомерни броила.

ЈКП Дебрца се надева на соработка, разбирање и солидарност помеѓу жителите на општина, за заедно да се избориме против оваа несакана природна појава.

One thought on “ЈКП „Дебрца“ со апел за посовесно и рационално користење на водата

Comments are closed.