23/04/2024
Охрид

Јорданоски: Време е да им се покаже на граѓаните дека навистина поинаку е подобро

Денес во локалниот клуб на Граѓанско Демократска Унија – Охрид се одржа работна средба на која присутни беа членовите на Републичкиот изборен штаб на партијата, Генералниот секретер Димче Петкоски кој е воедно и шеф на РИШ и Даниел Јорданоски, носител на ИЕ-5.

На средбата се разговараше за активностите кои се извршуваат за време на изборната кампања. Даниел Јорданоски, изјави дека граѓаните немаат повеќе време за чекање.

„Мора да се направат радикални промени кои ќе бидат за доброто на сите граѓани во Охрид и вклучително цела Изборна единица-5. Време е за фер и демократски избори, и време е да им се покаже на граѓаните дека навистина ПОИНАКУ Е ПОДОБРО“, – истакна Јорданоски.