28/03/2024
Струга

Јован Јаулески и Мирче Аџиоски – кандидати за пратеници во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ Струга

Со одлука на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во ИЕ 5, кандидати за Пратеници во Собранието на Република Македонија од Струга, избрани се: Јован Јаулески – Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Мирче Аџиоски – Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга.

„Ова се луѓе, кои се докажани и врвни професионалци во својата област, но пред се чесни и почитувани во општеството!

Голема благодарност до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски за довербата и изборот за Струга.

Навистина е чест и задоволство со вакви луѓе да ја донесеме Обновата на Македонија и Струга!

На прагот е голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, но пред се, голема победа на Република Македонија!

Аирлија нека е!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.