20/04/2024
Спорт

ЈП „Билјанини извори“ донираше топки за фудбал на основните училишта од руралните средини

Денеска во просториите на ЈП „Билјанини Извори“ се одржа средба помеѓу директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска и директорите на основните школи Св. „Наум Охридски“ од Пештани, ОУ „Ванчо Николески” од Лескоец и проф. по физ. образование од ОУ „Кочо Рацин”.

ЈП „Билјанини Извори“ согледувајќи ја потребата за спортски реквизити на основните училишта од руралните средини на територија на Општина Охрид донираше 40 фудбалски топки за потребите на активите по физичко образование се со цел да се помогне на образовниот процес, а во насока на поддршката на правилниот начин на развој кај децата.

ЈП „Билјанини Извори“ во рамките на своите можности и во иднина ќе се насочи кон поддршката на образовните институции пред се поради нашите деца и нивниот правилен психофизички развој.