28/03/2024
Охрид

ЈП „Билјанини Извори“: Јавниот паркинг ќе работи од 8:00 до 18:00 часот, премиум зоната останува 24 часа

ЈП „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните и сите институции, компании дека од денес 13 март до истекот на периодот 24 март кој е посочен од Владата како период за превентивни мерки во насока на заштитата од ширењето на Корона вирусот јавниот паркинг простор со кој стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ ќе работи од 08 часот до 18 часот секој ден.

Исто така од денес после завршувањето на активностите потребни за санација и ново опремување на електронскиот систем на наплата поради несреќата која се случи пред извесно време со работа продолжува да функционира премиум зоната со затворен систем на наплата согласно одлуката на Советот на град Охрид.

Премиум зоната поради потребата од функционирање на системот влез – излез за потребите на граѓаните од стариот дел на градот останува да функционира како и до сега во текот на 24 часа.