ЈП „Билјанини Извори“: Сопствениците да си ги дислоцираат понтоните

ЈП „Билјанини Извори“ после преземањето на просторот наменет за сидрење на пловни возила кој се наоѓа на м.в. „Студенчишта“, доделен на времено користење со одлука на Советот на општина Охрид, започна со акција за расчистување и уредување на споменатиот простор согласно потребите на корисниците-споствениците на пловни објекти.

„По тој повод, а поради тоа што немаме евиденција во чија сопственост се наоѓаат понтоните, кои се во прилог на известувањето, јавно го повикуваме сопственикот/сопствениците да дојде/дојдат на споменатата локација за да си ги подигнат и дислоцираат понтоните. Доколку тоа не го направат во рок од 4 дена заклучно со ден недела 07.06.2020, ЈП „Билјанини Извори“ ќе биде приморано да го стори истото за што дополнително ќе побара финансиско обештетување од сопственикот/сопствениците на понтоните.“ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.