29/03/2024
Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ учествуваше на првите компаниски спортски игри

ЈП „Билјанини Извори“ по покана на Српската федерација на компаниски спорт учествуваше на првите Компаниски спортски игри кои се одржаа во Агиа Триада во близина на градот Солун од 25 до 29 септември. На спортските игри учество зедоа околу 200 вработени од повеќе од 15 компании од Србија, Северна Македонија и Грција. ЈП „Билјанини Извори“ како компанија беше единствен претставник од нашата држава и учествуваше со четири свои вработени предводени од директорката Гордана Јованоска.

На игрите учесниците се натпреваруваа во неколку спортско рекреативни дисциплини и тоа фудбал на песок, одбојка на песок, пикадо, пинг понг, влечење на јаже, пливање, фрлање на камен, скок во далечина од место, туркање на рака, баскет 3×3, шах и танцување. Иако за време на натпреварите имаше многу возбудливи моменти и многу неизвесни натпревари сепак резултатот беше во втор план, а акцентот беше ставен на дружењето и стварањето на нови пријателства.

За време на спортските игри директорката на ЈП „Билјанини Извори“ одржа неколку работни средби со претставници на организаторот и компаниите учесници.

„Посебно би ги истакнале средбите со туристичката заедница на град Белград, Стопанската комора на Србија и Грција и организацијата на Меѓународните спортски турнири ширум Европа на која се разговараше околу можностите за соработка со нас како компанија и градот Охрид со акцент на соработката во областа на туризмот. За време на средбите директорката од име на градот Охрид и од име на ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодари за поканата и можноста како единствени претставници од Северна Македонија да учествуваме на игрите при што им додели скромни подароци надополнети со пропаганден материјал од Охрид.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.