„Каде е пиштолот?“ во петок пред охриѓани

На17ти мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде изведена преставата „Каде е пиштолот?“ од унгарскиот автор Габор Ѓоргеј, во режија на Дејана Николовска. Претставата е со почеток во 20:00 часот.

Во истата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, и Стрезо Стаматовски.

Сценограф, костимограф и дизајн на светло: Милена Пантелеева

Музика: Гаро Ашикјан

Сценски движења: Асја Иванова

Драматург: Кристина Тодороска Петреска

Инспициент: Филип Ангеличин-Жура

Технички раководител: Зоран Левески

Светло: Борис Велјаноски

Тон: Митко Серафимоски

Гардероба: Линдита Мерко, Деса Лазороска

Реквизита: Маријана Николоска, Соња Крстаноска

Сценски декоратери: Ѓоко Китоски, Љупчо Крстаноски, Даниел Андрески, Кире Ангелоски

Фотографии: Пеце Настески NP Studio

„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

Зборот „пиштол“ предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор , во кој гледаме четири луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четири од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.