20/04/2024
Македонија

Кампања „Безбедни матурски вечери“

Секторот за внатрешни работи Скопје – Oдделение за превенција, задутре (20.04.) со почеток во 12.00 часот во Трговскиот центар “Сити Мол“ стартува со традиционалната кампања “Безбедни матурски вечери“ која на таа локација ќе се спроведува во наредните три дена. Целта на кампањата е подигање на свеста кај младите за намалување на девијантното однесување за време на матурските прослави, особено околу управување на патнички моторни возила под дејство на алкохол.

Како партнери во кампањата предвидено е да се вклучат Црвен крст на град Скопје, Републички совет за безбедност во патниот сообраќај, ученици од средните училишта на подрачјето град Скопје – “Васил Антевски Дрен”, “,Јахија Кемал” и “Илија Николовски Луј”. Исто така, во кампањата ќе се вклучи и Трговски центар Скопје City Mall.

Покрај симулациони вежби за давање помош при здобиени телесни повреди од изложено хаварисано возило учесник во сообраќајна незгода, предвидено е реализација на музички перформанс од учениците од средното музичко училиште “Илија Николовски Луј”, ревијален дел од учениците од СГУ “Васил Антевски Дрен” како и други сообраќајно превентивни и едукативни активности, делење на пропаганден материјал на посетителите на Сити Мол и друго.