Ќе се одбележат 150 годишни од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов

Во понеделник на 15 јануари со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид ќе биде одбележана 150 годишнината од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов. Организатори на настанот се Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев” од Охрид. Настанот е дел од Републичката програма за одбележување на значајни датуми и личности од македонската историја и култура, која неодамна ја усвои Собранието на РМ.

За творештвото на Спространов ќе говори Милчо Јованоски, новинар и публицист.