20/04/2024
Дебрца

Ќе се одбележат 75 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ и Денот на Армијата на РМ

На 18 Август 2018 година (сабота)  по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ и Денот на АРМ, ОО на СБ од НОАВМ Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца на Славеј Планина традиционално, секоја година организираат масовен народен собир. На оваа манифестација ќе присуствуваат поголем број членови на СБМ од Охрид, Дебрца, Струга, Кичево, Скопје и други, припадници на АРМ, како и граѓани од поблиските населени места.

П Р О Г Р А М А

Славеј Планина, 10:30 часот:

  1. Изведба на државната химна на РМ од страна на КУД „Далги” при ЗП Охрид и Дебрца;
  2. Полагање на свежо цвеќе пред споменикот.
  3. Поздравна реч на претседателот на ГО на СБМ, д-р Никола Стојаноски;
  4. Пригодно обраќање за значењето на настанот, на претседателот на СБ од НОАВМ за Охрид и Дебрца и потпретседател на ГО на СБМ, Гоце Георгиески.
  5. Културно – уметничка програма.