Ќе се реконструира детското игралиште во населба „Христо Узунов“

Во текот на наредните неколку дена ќе се врши реконструција на детското игралиште во населбата „Христо Узунов“.

За таа цел се информираат жителите на населбата дека поради безбедност на децата, игралиштето ќе биде привремено затворено и нема да може да се користи.

Детското игралиште ќе биде повторно достапно за користење откако ќе бидат завршени работните активности за реконструкција.