28/03/2024
Охрид

Ќе се служат свети литуригии за претстојните празници

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07 декември 2018 година (петок), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

08 декември 2018 година (сабота), со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

09 декември 2018 година (недела), по повод празникот „св. вмч. Георги и преп. Алимпиј Столпник“, во црквата „св. вмч. Георги“ – Охрид, во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на овие празници.