29/03/2024
Охрид

Ќе се служи литургија за празникот Св.бесребреници Козма и Дамјан

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14. Ноември 2018 година (среда), во црквата „Св.Козма и Дамјан“ Варош – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.бесребреници Козма и Дамјан“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.