28/03/2024
Охрид

Ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот Свети Климент и Пантелејмон

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07. декември 2017 година (четврток), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

08. декември 2017 година (петок), со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои вернци на заедничко прославување на нашиот голем просветител и учител на сите словенски народи Свети Климент Охридски.