24/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Богојавление – Водици

На 19ти јануари (сабота), на празникот „Богојавление – Водици ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско. Литургијата ќе биде со почеток во 08:00 часот.

Сета златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:00 часот.

Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден. Во 09:45 часот поаѓање на литијата кон градското пристаниште.

Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет.

Во 12:00 часот групно крштевање на „Сараиште“.