19/04/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Св. Атанасиј Велики во Љубаништа

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31. Јануари 2020 година (петок), во метохот на манастирот Св. Наум Охридски – „Св. Атанасиј Велики“ – Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.