Ќе се служи света литургија за празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14 Јули 2018 година (сабота), во црквата „Св.Козма и Дамјан“ Пештани – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.