28/03/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Св. Варлаам Архиепископ Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 10. јуни 2019 година (понеделник), вo црквата „Св.вмч. Георги“ – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „св. Варлаам Архиепископ Охридски, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.