29/03/2024
Охрид

Ќе се служи света литургија за празникот Св. вмч. Георги и Св.Алимпиј Столпник

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 09. Декември 2017 година во црквата „Св. вмч. Георги“ – Охрид, со почеток во 08: 45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. вмч. Георги и Св.Алимпиј Столпник“ на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.