28/03/2024
Охрид

Ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот Св. Еразмо Охридски

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 14. јуни 2019 година (петок), во манастирот Свети Еразмо Охридски – Охрид, со почеток во 19:00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

На 15. јуни 2019 година (сабота), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, а ќе  чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.