КЛ7 Струга го освои третото место на финалниот турнир за младинци во Охрид

КЛ7 Струга го освои третото место на финалниот турнир за младинци во Охрид. Во борбата за третото место, најмладиот тим на турнирот – КЛ7 Струга убедливо го порази градскиот ривал РК Струга и се закити со бронза.

Во натпревар на двете екипи кои на овој завршен натпревар турнир настапија без странски играчи, КЛ7 Струга убедливо го совлада градскиот ривал со резултат 31:21.

КЛ7 Струга на овој турнир имаше најмлад состав и со самото тоа и овој резултат е показател дека екипата се движи во вистинска насока и дека вчерашниот пораз е само еден лош ден или период од натпреварот.

Ова беше натпревар кој помина во целосна контрола на КЛ7. РК Струга го отвори натпреварот со 0:1 и тоа беше единствено водство за нив. За брзо време КЛ7 дојде до водство од 7:3 и успеа да го задржи до крајот на натпреварот. Пред крајот на првото полувреме следеше мало опуштање и КЛ7 му дозволи на противникот да се доближи до само еден гол разлика односно 13:12.

Второто полувреме помина во целосна доминација на КЛ7, на почетокот со серија од 7:2 и водство од шест голови разлика и веќе познат победникот на овој натпревар. Потоа шанса да настапат на еден „фајнл фор“ добија и пионерите кои не само што не дозволија противникот да ја намали разликата туку и да ја донесат до максимални 11 голови разлика односно 30:19.

Крајниот резултат гласеше 31:21, со што КЛ7 втор пат по ред го освојува третот место на една финална завршница во младинска конкуренција.

Како што беќе случај и во текот на целата сезона, така и денес, за КЛ7 најдобри стрелци беа Симоноски со дури 10 погодоци и Џигероски кој постигна 7 погодоци. А на голот одличен беше Петрески.

КЛ7 Струга – РК Струга 31:21 (13:12)

Оваа година организацијата на завршниот турнир во младинска категорија ја има РК Охрид и Општина Охрид. Во финалето играат домаќинот РК Охрид и фаворитот скопски Металург.