29/03/2024
Македонија

Коалиција на Египќани: Да не се дозволи претопување на Египќаните во Македонија

„Египќаните, како посебна и автохтона етничка заедница се соочуваат со целосно исчезнување од мултиетничката карта на нашата заедничка татковина Македонија. Денес, имаме состојба, каде во основните и средните училишта, на фаултетите, мимо нивниот волјев акт, Египќаните се декларираат како Роми, Албанци, Турци, бидејки не сакаат да бидат и ,,други,,…Апелирам, институциите на системот да реагираат и да спречат една ваква крајно недемократска појава, која би имала консекфенции во иднина. Да не се дозволи претопување на Египќаните во Македонија“, истакна лидерот Демир Далип.

Далип додава дека, како и секогаш, пред избори врз Египќаните се практикува повекеслојна дискриминација, закани, уцени, за што се известени ОБСЕ, како и Амбасадите на ЕУ, Германи,а, Франција, Италија, Холандија.