Коалиција на Египќани: Огромно мнозинство ќе ги бојкторираат изборите, доколку нема заинтересираност за платформата на Египќаните

Сакаме уште еднаш да апелираме до политичките субјекти до кои е доставена ПЛАТФОРМАТА, а тоа се ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ, со голема сериозност и внимание да ја разгледаат истата, и да завземаат став по односна истата. Египќаните се свесни, дека, како и до сега, со закани, уцени, поткупувања и слични недемократски дејанија, на линија на помал отпор, да манипулираат со нивните гласови, а за возврат, Египќаните да не добијат ништо. На таа лоша практика, мора да му кажеме едно големо НЕ. Во вакви околности, веруваме дека до првата половина на Јануари, ке добиеме некаков предлог или понуда, од поголемите политички субјекти, дека ќе се залагаат да ги реализираат легитимните барања на мојот народ. Доколку до тоа не дојде, огромно мнозинство на Египќани, ќе ги бојкотираат изборите.

Со почит, Демир Далип лидер на „Коалиција на Египќани“
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.