29/03/2024
Македонија

Колев: Македонија е единствената сиромашна земја која им обезбедува луксуз на поранешните претседатели

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија – ГДУ, Петар Колев, денес одржа прес-конференција.

„Ова е проблем кој се провлекува со години, но очигледно дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ постоеше желба да се реши. Во Собранието имаше една ваква иницијатива, но и двете партии не дадоа поддршка. Гледаме дека и овој пат молчат.

Привилегиите мора да се скратат, а дел од парите кои се даваат за екс претседателите предлагаме да се пренаменат за операции во странство.“ – истакна Колев.