Колумна: Египќаните во Македонија бараат ефективна интеграција

Драги мои, Египќаните во Македонија, се чуствуваат уморни од чекање за остварување на нивните Уставно загарантирани права, како лојални граѓани на оваа држава. Нивната лојалност, мирољубивост и желба за соживот, денес, Македонскиот Египќанец, го плаќа со негово тотално маргинализирање, во целиот општествено политички, културен, економски живот, што од друга страна, како причинско последична појава, ја позиционира ова етничка заедница, во убедливо најдискриминиран етникум во Р.Македонија. Дека организациите на Египќаните, пред се НВО, не седат со скрстени раце, е и фактот, што во духот на парламентарната демократија, правото на еднаквост и рамноправност, праведната и соодветна застапеност на Египќаните во институциите на системот, како и во насока на запазување на основите на мултиетничкиот карактер на државата Република Македонија, како држава на сите нејзини граѓани, во согласно Уставот и позитивните прописи Предлагаат на етничките заедници на Египќаните, Хрватите, Црногорците, да им биде загарантирано пратеничко место во законодавниот дом. Оваа, нивна иницијатива, не е нималку за потценување, бидејќи истото е крајно легитимно и демократско барање, со оглед на фактот, дека во Република Македонија, Согласно Уставот, не е фиксно утврден бројот на пратеници, и истиот се движи од 120 до 140 пратеници, како прв чекор е кон елиминирање на дискриминаторските дејанија, кои извираат „благодарение“ од неспомнување на овие етникуми во Уставната Преамбула. Колку за потсетување, и Хрватска, требаше да направи корекции во нивниот највисок правен акт, Уставот, за да ги задоволи основните критериуми за влез во ЕУ, а секако тие правила ќе важат и за Р.Македонија, секако ако и понатаму инвестира во насока на Евроатланското интегрирање на нашата земја. Дадениот предлог за формирање на Комисии за односи помеѓу заедниците (неформални), бидејќи одредени општини, на пр. како Охрид, немаат законска обврска да го формираат таквото тело, бидејќи не е исполнет чл.55 од Законот за Локална Самоуправа, но како израз на добра волја и во насока на негување на мултиетничкиот и мултиконфенсионалниот концепт, и тоа како ќе биде од полза да се формираат вакви неформални Комисии за односи помеѓу заедниците.

Позитивен пример и за поздравување е формирањето на Советот на градски татковци, по иницијатива на градоначалникот д-р Никола Бакрачески, како и Локалниот Совет на Млади, каде има и преставници на етничките заедници, во насока на реално практицирање на моделот на партиципативната демократија. Мојот предлог за формирање на една неформална Комисија за односи помеѓу заедниците, во Охрид, на долгорочен план, би имала далеку поголеми демократски, но и политички придобивки.

Лично сметам, дека ова Комисија (неформална) и тоа како му е потребен на еден град како Охрид, мултиетнички, мултиконфесионален, а времето ќе го даде најдобриот одговор. Политиката не е трчање на 100 метра, политиката е процес, треба многу вложување, инвестирање во развој на добри меѓуетнички и меѓучовечки односи, инвестирање во толеранцијата, која не е ништо друго, освен подготвеност да го прифатиш, различниот од тебе, инвестиција во солидарноста, хуманоста, начела на која почива и ЕУ, но и другите меѓународни организации.

Доколку не се пристапи сериозно, темелито, и со демократски методи, институционалната интеграција на Египќаните, лесно може да се случи феноменот на етапна асимилација и конечно, бришење на овој автохтон етникум, од мултиетничката карта на Р.Македонија.

На таа агенда, несомнено работат, силни центри на политичка моќ, подхрането на се поголемото незадоволство и навидум безизлезна состојба, во која се наоѓа мојот народ. Но, сепак, борбата за права ќе продолжи, бидејќи и низ историјата сме имале примери, на кои укажуваат дека до права и слободи, се стигнува многу тешко, тие на тацна не ти се даваат, едноставно нели, треба да се избориш, доколку и тоа ти го дозволат.

Демир Далип – овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.