20/04/2024
Охрид

Комуналец максимално ангажиран изминатиот викенд

Оперативните служби при ЈП Охридски Комуналебеа максимално ангажирани изминатиов викенд кога на охридското крајбрежје престојуваа огромен број на туристи. Се расчистуваа локациите каде се одржуваа најразлични манифестации и концерти, како и фреквентните улици во центарот на градот, зелените површини, коловозите, пешачките патеки и просторот околу јавните добра. 

За затекнатата состојба од терен во раните утрински часови зборуваат фотографиите од различни локации низ градот:

 Спортски стадион „Билјанини Извори„ по одржаниот концерт на ден 27.07 2018 год.

  Спортски стадион „Билјанини Извори„ по одржаниот концерт на ден 28.07 2018 год.

локации во централно градско подрачје во изминатиот викенд

За подигнување на собраниот отпад беше ангажирана расположивата механизација и ресурси и сите површини се темелно расчистени, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.