28/03/2024
Охрид

Концерт на духовна музика на „Охридско лето“

Во рамките на дополнителната програма на Охридско лето а по повод големиот христијански празник Велигден во катедралната црква Св. Софија утре со почеток од 18 часот ќе се одржи концерт на духовна музика со ансамблот „Ноктурно“ од Србија.

Билетите по цена од 150 денари можат да се набават во Дирекцијата на Охридско лето и пред почетокот на концертот, на самиот влез од црквата „Света Софија“.

Со овој концерт на кој фестивалската публика ќе ужива во музиката на православието ќе се заокружат концертите кои Охридско лето ги организира надвор од стандардниот термин 12 јули- 20 август.