19/04/2024
Охрид

Концертот на Камелеон пред распродавање

Концертот во чест на 20 години од постоењето на групата Камелеон е пред комплетно распродавање.

„Сакаме да Ве информираме дека билетите на дел од продажните места се комплетно распродадени, а билетите можат да се купат уште на овие локации – „Тамаро 7“ маркетот на улица „АСНОМ“, населба „Бејбунар“, „Тамаро 5“ маркетот, на улицата „7-ми Ноември“, во склоп на фабриката „Братство“ и во Music Shop ZZ Top. Цената останува иста, само 250 денари. Ве очекуваме на добра забава и ветуваме дека ќе имаме ноќ за паметење,“ – велат членовите на групата.

На сцената на Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид, во сабота, на 29-ти декември, точно во 19:00 часот е закажан стартот на музичката приказна за 20-те години од постоењето на групата „Камелеон“.