26/04/2024
Македонија

Конкурс за доделување 22 стипендии на државните универзитети во Кина за академската 2018/2019 година

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс на Владата на Народна Република Кина за доделување на 1 владина стипендија, 18 унилатерални стипендии  за  додипломски, магистерски, докторски студии и специјализации и 3 стипендии во рамки на Централно – Источно Европската програма за медицина на државните универзитети во Народна Република Кина, за академската 2018/2019 година.
  

Сите подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги обезбедат на интернет страните www.campuschina.org и http://www.csc.edu.cn/laihua.

Крајниот рок за електронско пријавување е 1.4.2018 година, додека доставувањето на потребните документи до Министерството за образование и наука трае до 10.4.2018 година.  Изборот на кандидати, ќе го изврши Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија.