28/03/2024
Охрид

Конкурс за доделување стипендии на ученици од Општинските основни и средни училишта

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува

КОНКУРС
за доделување   стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2017/2018 година

Општина Охрид за учебната 2017/2018 година ќе додели вкупно 80 ученички стипендии и тоа:

– 15 (петнаесет) стипендии за талентирани ученици од VII,VIII и IХ  одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид ;

– 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VII,VIII и IХ  одделение од општинските основни училишта на подрачјето на општина Охрид;

– 15 (петнаесет) стипендии за талентирани ученици од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид  и

– 25 (дваесет и пет) стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални  услови, од II,III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид .

ПРИЈАВА
ИЗЈАВА ЗА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
ИЗЈАВА
Услови за доделување стипендии
А) Право на стипендија  за талентирани ученици имаат кандидатите кои учат во општинските основни  и средни училишта на подрачјето на општина Охрид, и ученици жители на општина Охрид  кои учат во друга општина во  јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид а ги исполнуваат следниве услови:

– да се жители на општина Охрид

– да се редовни ученици

– да освоиле награди за поединечно освоено I, II или III место на државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста

– да оствариле континуиран  одличен  успех во текот на школувањето од VI до IХ одделение за основците и од I до IV година па нагоре ,за средношколците

– да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.

Б) Право на стипендија  за ученици кои живеат во потешки социјални услови  имаат кандидатите кои учат во општинските основни  и средни училишта на подрачјето на општина Охрид  и ученици жители на општина Охрид  кои учат во друга општина во  јавно средно училиште кое не е застапено во општина Охрид а ги исполнуваат следниве услови:

– да се жители на општина Охрид

– да се редовни ученици

– да имаат континуирано  примерно поведение

Начин на пријавување
– Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.ohrid.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:

– потврда дека е редовен ученик ;

– фотокопии од свидетелствата;

– извод на родени (копија);

– фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науката,техниката, културата и уметноста (за стипендии за талентирани ученици);

– потврда за висината на примањата за сите членови на семејството на ученикот издадена од УЈП (за стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални  услови );

– изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека ученикот  не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма.Изјавата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk

Висината на стипендијата
– Висината на стипендијата ќе изнесува 1500,00 денари месечно за девет месеци во текот на  учебната  2017/2018 година.

Рок на пријавување
– Потребните документи, учениците треба да ги достават  најкасно до 20.12.2017г ,на адреса: Општина Охрид  ул.,, Димитар Влахов“  бр. 57 – Охрид , во затворен коверт  со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички стипендии“

– Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.