28/03/2024
Македонија

Конкурс за најубаво украсен Новогодишен двор или балкон 2020

Општина Охрид за Новата 2020 година објавува Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон. Пријавувањето на конкурсот ќе трае од 16 до 27. 12.2019 година. Заинтересираните граѓани можат да се пријават во просториите на Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со пополнување на пријава на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди;

Прва – 10.000денари
Втора – 6.000денари
Трета – 4.000денари

Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од следните критериуми:

При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.

П Р И Ј А В А

за Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон во општина Охрид за Новата 2020 година

1. Име и презиме ________________

2. Улица и број ________________

3. Место ________________

4. Контакт телефон ______________

Охрид, ________ 2019

Подносител, __________