20/04/2024
Македонија

Конкурс за распределба на средства за финансирање на организација на научни собири за 2018 година

Врз основа на член 50 од Законот за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/2008, 103/2008, 24/2011, 80/2012, 24/2013, 147/2013, 41/2014, 145/2015, 154/15, 30/2016 и 53/2016), член 3 од Правилникот за начинот на финансирање на организација на научни собири и учество на домашни научни истражувачи на меѓународни научни собири и студиски престои во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 51/2013) Министерството за образование и наука распишува:

К О Н К У Р С
за распределба на средства за финансирање на организација на научни собири за 2018 година

1. Министерството за образование и наука со овој конкурс распределува средства за организација на научни собири во 2018 година.

2. Организацијата на научните собири се финансира по доставување на следнава документација:

 пополнета пријава;
 одлука од организаторот за одржување на научен собир;
 одлука за печатење на зборникот на трудови од научниот собир
 програма за работа на научниот собир.

3. Организаторот на научниот собир е должен да ја достави бараната документација согласно точка 2 од овој конкурс.

4. Право на доделување на финансиски средства за организација на научни собири имаат државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети), Македонската академија на науките

и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, по пат на јавен конкурс.

5. Средствата кои се доделуваат за организација на научни собири се пресметуваат во зависност од бројот на учесниците на научниот собир и расположливите средства на Министерството за образование и наука за тековната година.

6. Државните универзитети и приватните универзитети-во нивните единици насочени кон наука (начни институти) и во едниците насочени кон образование засновано на наука (факултети),Македонската академија на науките и уметностите, самостојни државни високообразовни установи, самостојни приватни високообразовни установи, јавни научни установи, мешовитите научни установи, приватни научни установи и самостојни истражувачи, пријавите и документите наведени во точка 2 ги доставуваат на следната адреса или во архивата на:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје

7. Конкурсот за почнува од 19.02.2018 и ќе трае заклучно со 23.11.2018 година.

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Македонија, лица за контакт:

Живко Колчакоски канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-046 и
Катерина Стефковска канцеларија број 1406 или на мобилен телефон 076-485-047