20/04/2024
Македонија

Конзервација на мозаикот во Епископската базилика во „Стоби“

Продолжуваат конзерваторско – реставраторските работи на мозаикот од крстилницата на Епископската базилика во Стоби. Конзерваторско-реставраторските работи на проектот започнаа во 2017 година и главно беа фокусирани на структуралното зацврстување и санирање на сите оштетувања на мозаикот во крстилницата….
 
konzervacija_stobi_1
Како што вели в.д. директорот на НУ „Стоби“, Мишко Тутковски, оваа година стручните лица од археолошкиот локалитет започнаа со активности за финализирање на конзерваторските постапки почнувајќи од детално чистење на мозаичката површина, консолидација на тесерите, инјектирање и фугирање на мозаикот.
 
konzervacija_stobi
По извршувањето на сите активности, мозаичкиот под ќе биде подготвен за анастилоза на мермерните столбови околу писцината и враќање на мермерниот кантарос во неговата изворна местоположба. Реализација на  проектот треба да биде завршена најдоцна до октомври 2018 година.  
 
Конзерваторско – реставраторските работи на мозаикот од крстилницата на Епископската базилика во „Стоби“ е финансиран со грант од Амбасадорскиот фонд на САД за заштита на културното наследство во Република Македонија.