20/04/2024
Македонија

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Нов портпарол на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Кратка биографија на Костадинов ви испраќаме во прилог на ова известување.

Во интерес на навремено и точно информирање на јавноста, како и продолжување на професионалната соработка со сите медиуми, ги споделуваме контактните информации на портпаролот на СДСМ, како и на лицата задолжени за односи со јавност.

Контакт информации на портпарлот на СДСМ, Костадин Костадинов:
Телефон: +389 (0) 75 207 451

Е-маил адреси: kostadin.kostadinov@sdsm.org.mk

kosta.kostadinov@yahoo.com

Twitter:

https://twitter.com/kostadinkosta1 
FB: https://www.facebook.com/kosta.kostadinov.18

Покрај портпаролот на СДСМ, за информации, политички ставови и други прашања од интерес на јавноста, на медиумите и медиумските работници на располагање им стојат и лицата задолжени за односи со јавноста во Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ:

Александар Поповски, координатор на Центарот за комуникации на СДСМ
Телефон: +389 (0) 71 231 153
Е маил: aleksandar.popovski@sdsm.org.mk

Бранислав Ѓорѓевски, координатор на прес тимот во рамки на Центарот за комуникации 
Телефон: +389 (0) 75 641 566
Е маил: branislav.gjorgjevski@sdsm.org.mk

За други инфомации и технички прашања може да се обратите и до прес офицерот на канцеларијата на портпаролот:

Стефан Васев, офицер за комуникации, канцеларија на портпарол
Телефон: +389 (0) 70 466 697
Е -маил: stefan.vasev@sdsm.org.mk

Биографија на портпаролот Костадин Костадинов

Роден е на 22.03.1990 година во Струмица каде што живее и денеска. Дипломирал во 2011 година на Економскиот факултет при Универзитетот ФОН во Скопје.

Во 2017 година започнува со постдипломски студии, насока „Финансиски менаџмент“ на МИТ Универзитет во Скопје.

Своето работно искуство го започнува како млад бизнисмен во областа на градежништвото и претприемништвото со сопствена компанија.

Посветен да придонесе за развој на своето родно место и интересот на своите сограѓани, од 2013 до 2016 година бил советник во Совет на Општина Струмица.

Бил претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица во периодот од 2010 до 2018 година.
Во февруари 2017 година Костадинов ја презема функцијата вршител на должност Градоначалник на Општина Струмица којашто ја извршува до ноември 2017 година.

Од 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието на Република Македонија од СДСМ и коалицијата.
Зборува англиски јазик, а добро го владее и турскиот јазик.