28/03/2024
Дебрца

Краток документарен филм за промоција на Белчишко блато

Во рамките на проектот Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко блато (Сини Вирој), кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“ и канцеларијата на UNDP, Скопје и е дел од проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, финансиран од ЕУ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање снимен е краток документарен филм за промоција на овој биолошки и хидролошки важен локалитет.

Филмот освен на македонски jaзик, има и верзија со англиски титл за пошироката публика.

„Топло Ви препорачувам да одвоите 9:12 минути и да го погледнете видеото.

Тоа е уште една потврда на нашите заложби и визија Дебрца да се промовира како извонредна еко и културна туристичка дестинација.“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

https://youtu.be/KetAa_XrV4c